Голема трагедија ја потресе Македонија: 20-годишно девојче загина по пад од зграда
Вчера во 19.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на плочник пред зграда на подрачје на Бутел била пронајдена С.Д.(20) од Скопје со тешки телесни повреди здобиени при пад од зграда, информира МВР.
Како што соопштија од МВР, таа била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде на 10.06.2023 во 00.30 часот починала.
Увид бил извршен и за настанот бил известен јавен обвинител.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.