Страотна сообраќајка помеѓу две товарни возила, сообраќајот во прекин

Во прекин е сообраќајот на А2, магистралниот патен правец Куманово – Крива Паланка поради сообраќајна незгода кај селото Псача во Општина Ранковце.

Од Секторот за внатрешни работи (СВР) Куманово наведуваат дека станува збор за судир помеѓу две товарни моторни возила, има колони на двете страни и увидот е во тек.

Портпаролката на СВР Куманово, Ивана Младеновска, информира дека прекинот на сообраќајот ќе трае бидејќи станува збор за две товарни возила, но има можност,

според проценките на полициските службеници на терен, за повремено пропуштање патнички возила.

За подетални информации СВР Куманово ќе информира по завршувањето на увидот од екипата на ОВР Крива Паланка.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде