Шок и неверување: Ненадејно почина младиот актер

Актерот Мајк Бетајех почина на 53-годишна возраст, соопшти неговото семејство.

Според TMZ, Мајк починал во сон на први јуни во својот дом во Мичиген откако доживеал срцев удар.

„На сите ќе ни недостига. Имаше талент да ги насмее и расположи луѓето“, се вели во соопштението на семејството.

Сестрата на актерот, Дијана, изјави дека Мајк претходно немал проблеми со срцето.

Бетајех публиката најмногу го памети по улогата во хит-серијата Breaking Bad каде го играше Денис Марковски, менаџерот на пералната на Густаво.

Покрај тоа, глумеше и во остварувањата „Марко Поло“, „Секогаш е сончево во Филаделфија“, „Џеси“, „Не се плеткај со Зохан“, „ЦСИ: Мајами“, „Засолниште“, „Сите го сакаат Рејмонд“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде