Уште една жртва на македонските патишта: Едно лице го загуби животот откако патничко возило удри во велосипед

Уште една жртва на македонските патишта: Едно лице го загуби животот откако патничко возило удри во велосипед

На 09.06.2023 околу 19.45 часот на ул.„Александар Македонски” во Прилеп, патничко возило „фолксваген” со прилепски регистарски ознаки,

управувано од Р.П.(54) од село Славеј удрил во велосипед управуван од А.Ц.(42) од Прилеп.

Од добиените повреди на местото починала А.Ц., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид извршиле екипа од Полициската станица Прилеп и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде