„Душата ми се распаѓа. Ние сме христијани, простуваме, му простуваме на детето кое ги уби моите деца“ – потресни зборови на мајката Рената

Рената Келам, мајката на Јелена и Петра, кои загинаа во тешка сообраќајна несреќа кај Дичмо во Хрватска, објави многу потресна порака.

Ти благодарам Исусе што ми даде да ги имам, да ги бакнам, да ги гушнам… Нека ве чува додека не дојде мајка ти, добри деца мои убави деца. Душата ми се распаѓа. Зошто не пукне срцето и вашата мајка да биде со вас денес?

Ние сме христијани, простуваме, така ве научив, мајка ви простува на детето што ми ги уби моите деца – напиша мајката на загинатите девојчиња.

Јелена и Петра, да потсетиме, загинаа во петокот во хрватската општина Дицмо во сплитско-далматинската жупанија кога се судриле со „мерцедес“ управуван од деветнаесетгодишен млад човек.

Надлежните соопштија дека нивната „шкода“ тргнувала од паркингот кога н

Слободна Далмација наведува дека алкотестот на возачот на „мерцедесот“ не покажал дека има алкохол во крвта. Се чекаат дополнителни резултати од крв и урина.

Според неофицијални информации една од сестрите претходната вечер го прославила својот роденден.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде