Славчо Попоски објави мапа: Денеска ќе имаме силно невреме – еве каде

Претпладне времето ќе биде променливо облачно со услови за појава на краткотраен дожд, а од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Како што информира УХМР, наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.

Пообилни врнежи ќе има во северозападните делови од земјата.  Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно, а од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

На почетокот на следната седмица во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, над 20 литри на квадратен метар, електрични празнења, силен ветер, над 60 километри на час, и изолирана појава на град.

Врнежите ќе бидат пообилни денеска во северозападните делови, а в понеделник во поголемиот дел од земјата и особено на северот. 

Слично време најави и Славчо Попоски.

Добро утро почитувани! Денес од пладневните часови ЗГОЛЕМЕН РИЗИК од појава на локално НЕВРЕМЕ (Интензивен пороен дожд, дури над 20 л/м2 за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со појава на град). Можни се нови поројни ПОПЛАВИ, па токму поради ова АПЕЛИРАМЕ да бидете КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде