Ново невреме во Делчево (Видео)

Нови врнежи од дожд утрово во Делчево, кои за разлика од пред неколку дена денеска се со послаб интензитет.

Како што може да се види на видеата објавени на локалниот портал Делчево 365 новите врнежи од дожд повторно предизвикаа проблем на неколку критични места во општината.

Видеата можете да ги погледнете на крајот од текстот.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи.

Кон крајот на денот облачноста и врнежите постепено ќе се намалуваат. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремен дожд и услови за појава на грмежи. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса и во следните денови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 20 л/м2), електрични празнења, силен ветер (над 60 км/ч) и изолирана појава на град.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде