Тешка сообраќајна несреќа, пет лица итно пренесени во болница

Вчеравечер во 20.32 часот во СВР Битола било пријавено дека на стариот пат Ѓавато – Тополчани, кај с.Могила, битолско,

се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со битолски регистарски ознаки,

управувано од Г.С.(37) од с.Могила и патничко возило „опел вектра“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(20) од с.Беранци.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Г.С., а возачот Б.Н., В.С.(56) од с.Могила, сопатник во возилото „цитроен“, М.А.(32) и М.Б.(21),

двајцата од с.Беранци, сопатници во возилото „опел вектра“, се здобиле се телесни повреди констатирани во болницата во Битола.

Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде