ФОТО: Силно невреме попладнево го погоди овој македонски град

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, засилен ветер и изолирана појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

– Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд и засилен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 23 степени, се наведува во соопштението на УХМР.

За време на викендот, врнежите ќе бидат локални и проследени со ретки грмежи, а ќе дува и засилен северен ветер.

Од понеделник времето ќе биде стабилно и потопло.

Попладнево невреме го погоди регионот на Куманово.

Градоначалникот Димитриевски објави дека по невремето екипите на јавните претпријатија интервенираат на повеќе локации за расчистување на јавните прометни површини и санирање на последиците.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде