Пожарникари го сечеа лимот да го извлечат еден од возачите: Страшна сообраќајна несреќа помеѓу два камиони кај Аранѓеловац

Во местото Орашац кај Аранѓеловац се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале два камиони.

Несреќата се случила на потегот Баљковица, а се судриле камиони со белградски и новосадски регистерски таблички.

Судејќи според изгледот на камионите, судирот бил страшен. Едната кабина е речиси целосно уништена.

Брзата помош, полицијата и пожарникарите беа на терен и мораа да го исечат лимот за да извлечат еден од возачите од кабината – изјави еден од очевидците.

Според неофицијални информации, веднаш по извлекувањето на возачите, полицијата започнала истрага за да утврди како дошло до несреќата, и кој е одговорен за неа.

Додека полицијата вршеше увид, сообраќајот беше во прекин.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде