Најнова вест: Уште еден македонски град денеска го погоди силно невреме

Невреме го зафати и Кавадарци, на терен на повеќе локации интервенираат служби од Мој Општинар, ТППЕ Кавадарци и ЈП Комуналец, информира градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.

Тој ги повика граѓаните кои имаат каков било проблем предизвикан од невремето да се јават во кол-центарот на Општина Кавадарци на бројот 13 300.

Обилните дождови предизвика големи оштетувања на колекторот, информира градоначалникот Јанчев и додавадека се работи веќе некое време кај мостот на Северен булевар.

Поради изливање на речното корито предизвикано од невремето кое го зафати Кавадарци, се замолуваат граѓаните да бидат внимателни и да не сообраќаат поради непроодност на патот кон селата Раец, Фариш и кон Прилеп, односно кај мотел Дреново.

На терен на повеќе локации интервенираат служби од Мој Општинар, ТППЕ Кавадарци и ЈП Комуналец.

Граѓаните кои имаат било каков проблем да се јават во Кол Центарот на Општина Кавадарци на бројот 13 300, додаде Јанчев.

Видеото погледнете го со клик ОВДЕ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде