Се огласија од ЦУК: Бидете крајно внимателни, опасноста од поплавувања не е помината!

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов се упати во Општина Јагуновце, во атарот на с. Раотинце.

Според последните синоќешни информации има известување до ЦУК дека опасноста од надојдената вода во Општина Јагуновце по намалувањето повторно е присутна, повторно има прилив на вода.

Конкретно, излеаната вода на р. Вардар во с. Раотинце, Општина Јегуновце повторно надоаѓа, извести доцна синоќа Центарот за управување со кризи.

Претходно ЦУК информираше дека пртседателот на месна заедница од село Раотинце во Општина Јегуновце пријавил,

на единствениот број за итни ситуации 112 во ЦУК, излевање на Вардар, при што покрај ниви и површина се поплавени и куќи од селото.

-Водата од реката се прелеала на критичните места кај Копанце и преку месноста „Старо Вардариште“ дошла во атарот на с. Раотинце.

Ова е второ излевање на водата од Вардар во време од еден месец во овој предел. Инаку нивото на водата на Вардар во моментот е до максималната кота во коритото, рекоа од ЦУК.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде