Важна информација за сите кои патуваат утрово: Овие патни правци се затворени за сообраќај!

Дел од патиштата низ Македонија се под посебен режим на движење за автомобили поради поројните дождови кои ја зафатија земјава и создадоа излевање на голем број реки.

Имено од изминатиот ден од 17:00 часот сообраќајот на регионалниот пат од с.Трново – Општина Крива Паланка е нормализиран во двата правци за сите моторни возила.

Патот претходно беше во прекин поради обилни врнежи од дожд.

Од настанатите поплави неделава во Делчево и околината оштетени се темелите на мостот на Црвенска река на магистралниот пат А3 делница М.Каменица – Делчево.

Извршено е примарно санирање,но поради поголема безбедност на сообраќајот. Вчера е извршено затвореање на едната лента од мостот до комплетно завршување на работите.

Затворањето е извршено со прописна верикална сигнализација и сообраќајот на мостот се врши наизменично во двата правца по една коловозна лента.

Поради излевање на Крива река, во прекин ќе бидат локалните патишта од Крива Паланка кон с.Варовиште и с.Градец.

Исто така, во с.Пчиња (Куманово) има собрани дрвја и гранки под мостот на р.Пчиња, со што е намален протокот на реката, па постои опасност од излевање и оштетување на мостот.

Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде