Лоши вести за викендот што следува: Метереолозите ја објавија прогнозата

До петок ќе преовладува претежно стабилно и топло време, освен во планинските подрачја каде ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

За време на викендов ќе има промена на времето, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и пад на температурата за неколку степени.

Прогноза за 23.06.2023
Минимална температура: 12°C до 20°C
Максимална температура: 28°C до 35°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со услови за краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. UV=8

Прогноза за 24.06.2023
Минимална температура: 12°C до 19°C
Максимална температура: 26°C до 34°C

Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме. UV=7

Прогноза за 25.06.2023
Минимална температура: 13°C до 20°C
Максимална температура: 24°C до 32°C

Променливо облачно со повремен локален дожд. Попладне ќе биде нестабилно, наместа со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. UV=7

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде