ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Спасувачката акција заврши во утринските часови – 31 лице загина во експлозија на гас во ресторан во Кина

Спасувачката акција завршила во утринските часови, а истражителите сега треба да ја утврдат причината за несреќата

Во голема експлозија на гас во ресторан во регионот Нингсија во северозападниот дел на Кина вчеравечер загинаа 31 лице, а седум беа повредени, соопштија кинеските власти.

Несреќата се случила во главниот град на провинцијата Нингсија, Јунчаун.

Таа се случила во резервоар за течен гас сместен во приземјето на ресторанот, а пожарот експресно се проширил и на првиот кат од зградата.

Несреќата се случува во период кога во овој регион владее празнична атмосфера во пресрет на одбележување на „Драгон Боут Фестивал“ (Dragon Boat Festival), кој е национален празник посветен на храната, а традиционално се одржуваат и трки со чамци.

Кинескиот претседател Си Џинпинг наредил целосна истрага за инцидентот, а Министерството за вонредни состојби објави дека пребарувањето на лицата и

спасувачката акција во ресторанот завршила во утринските часови во четвртокот, а сега истражителите треба да ја утврдат причината за експлозијата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде