Д-р Лазаров распали на Фејсбук, му се придружи и д-р Беќаровски: Ако не ги направиме шокантни резултатите на следните избори, државата отиде јабана

Д-р Ненад Лазаров, на својот Фејсбук профил сподели статус во кој повикува да се спаси државата.

„ Ако не ги направиме шокантни резултатите на следните избори, државата отиде јабана“, напиша тој, а во коментари му се продружи и д-р Нико Беќаровски, кој, истакна дека нема квалитетни политички опции во земјата, нарекувајќи ги „татини мрсулчиња“…

„Тоа значи да има над 75% прешкртани ливчиња..“, напиша во коментар Беќаровски и додаде:

„За избор треба квалитетна понуда а не докажани “татини мрслучиња” кои самите се нарекуваат лидери.“

Во продолжение следуваа и други коментари:

Шокантни ако излезноста е над 50% а од тие 80% пречкртани ливчиња. Се друго е “веч виџено”.. или “Симни се Курто да се качи Мурто”…

Гласање само за партии што сега не се во Собранието! Родина, Десна, Единствена Македонија! Ете тоа ќе биде шокантен резултат!

Само Левица! Друг избор нема. Се е веќе видено 33 години. А шокантно ќе биде ако народот не излегува на избори, или пречкртува гласачко ливче, или ако повторно гласа за истите како до сега Курто&Мурто.

Не , ако сега и веднаш не се собереме пред Државните Институциите Влада и Собрание што тие што роварат во нив се избрани од народ , и народ да избрка тоа неспособни легачи до последен и нема што да се чекаат редовни избори ! Оваа црна чума мора под Итно да истераме ! Нема што да се чека, само полошо ќе биде, се виде одамна !

Шокантни?!Не гледам ни некој избор ниту алтернатива. Ако мислите на Левица не гледам причина за да им верувам,а далеку било па за глас.

Ееее тогаш, да нема жалење и кукање дека не чини во државата, дека луѓето бегаат, дека народот е ограбен од власта, дека ДУИ владеат…. А, ДУИ не само овдешните, туку и цела дијаспора ќе долета со авиони за избори. А вие пак немора да гласате! Или гласајте погрешно!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде