Голема трагедија ја потресе Македонија: Почина малолетно девојче по пад од трицикл

Синоќа околу 18.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Александар Урдаревски“, Р.С.(41) од Скопје,

управувајќи трицикл, изгубил контрола и паднал на коловозот заедно со малолетна сопатничка.

По несреќата, двајцата биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде на возачот Р.С. му биле констатирани телесни повреди.

Малолетната сопатничка се здобила со тешки телесни повреди и по укажаната помош починала.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде