УЖАС: Турчинот осомничен за силување на скопјанка е истиот кој беше условно осуден пред три месеци

Турчинот на кого МВР денеска му поднесе кривична пријава за силување е Сонер Арслан. На јавноста, скопското Обвинителство им е познат.

Станува збор за манијакот кој беше гонет дека се самозадоволувал пред девојчиња и жени во автобуси и пред влезови на згради. За ова, пред три месеци беше осуден на условна казна, изречена од судијката Љубинка Башевска.

Силувањето, според полицијата, го сторил во декември минатата година. „Макфакс“ дознава дека е откриен преку ДНК анализа.

Според извори во истрагата, неговата ДНК била најдена на маицата од девојчето на возраст од 24-години. Ја допирал по телото, по што се самозадоволил, а траги од семената течност имало и на нејзината облека.

Скопјанката не е негова прва жртва. Претходно, пет други девојчиња беа оштетени во постапката што се водеше против него. Најмладата имаше 19 години.

На рочиштето, на кое призна вина, Арслан, кој е роден во Турција, ветуваше дека нема да го повтори делото и бараше поблага казна.

Инаку, станува збор за 30-годишен маж. Живее во с.Пагаруша, општина Студеничани. На судењата кои претходно се водеа, кажуваше дека е верен, како и дека планира свадба.

Посочи и дека неговиот татко е во лоша здравствена состојба. Судот беше дециден дека ќе биде контролиран дали оди на психијатриски прегледи и дали ги почитува напатствијата на судот дадени во пресудата.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА

Извор: Макфакс

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде