Врнежи од град со големина на голф топчиња направи пустош: СТРАШНО НЕВРЕМЕ ЈА ПОГОДИ ЉУБЉАНА

Силно неверме ја погоди Словенија, поточно Љубљана денеска. Покрај обилните врнежи градот бил погоден и од град со големина на голф топчиња, а некаде паѓале и поголеми топки град. 

За невермето веќе на големо се пишува на социјланите мрежи, а дека истото се наближува и кон нашата земја укажува и метеорологот Славчо Поповски. 

Нашиот метеоролог предупредува дека можни се изразите врнежи, па дури и град во следниве денови и во нашата земја. 

Силно невреме во Македонија најави и УХМР.

Денеска во попладневните и вечерните часови на места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град.

Под влијание на нестабилна и влажна воздушна маса за време на викендов на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради големата енергија и влажност во атмосферата локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер (над 60 км/час) и изолирана појава на град.

И во Скопската Котлина доцна попладне и за време на викендот ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на град.

УХМР препорачува во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде