Најнова вест: Најавено вонредно обраќање на Владимир Путин!

Во текот на денешниот ден ќе има обраќање на претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Путин ќе се обрати по вчерашните настани со Вагнер и Пригожин кои највисокото раководство на Армијата ги оцени како државен удар.

Министерството за одбрана, ФСБ, Министерството за внатрешни работи и Руската гарда деноноќно му рапортираат на претседателот Владимир Путин за преземените мерки по упатствата што им беа дадени во врска со обидот за вооружен бунт, изјави портпаролот на Кремљ.

„Специјалните служби, агенциите за спроведување на законот, имено Министерството за одбрана, ФСБ, Министерството за внатрешни работи, Националната гарда, во деноноќен режим,

постојано го известуваат претседателот за преземените мерки во контекст на исполнување на инструкциите што претходно им беа дадени“, нагласи Песков.

Претходно, ФСБ отвори кривично дело за предизвикување вооружен бунт по изјавите на Евгениј Пригожин.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде