Страотна сообраќајна несреќа: Едно лице со тешки повреди итно пренесено во болница

Страотна сообраќајна несреќа: Едно лице со тешки повреди итно пренесено во болница

На 24.06.2023 во 16.30 часот на регионален пат за ХЕЦ Козјак, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“,

управувано од П.С.(57) од Скопје и патничко возило „шкода“, управувано од В.С.(59) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки, информираат од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.С., констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде