Вчера во 19.40 часот, било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од булеварот Борис Трајковски со улицата Трајко Иванов, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило фолксваген голф,
управувано од И. М. (26) од Скопје, и товарно возило ТАМ, управувано од Ј. А. (67) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.
Од силината на ударот возилото голфот е целосно уништено во предниот дел.
„Во несреќата тешки телесни повреди добил И. М., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“, а телесни повреди добил Ј. А., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, велат од МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.