ВИДЕО: Страотни сцени од местото на несреќата – повеќе лица се пренесени во болница

Утрово околу 10 часот се случила тешка сообраќајна незгода на автопатот Тетово – Гостивар во која учествувале три патнички возила.

Со повреди се здобиле пет лица кои биле пренесени во болницата „Ферид Мурад“ во Гостивар за укажување на медицинска помош.

– На автопатот Тетово – Гостивар се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три патнички моторни возила: „сеат леон“ со гостиварски и „фолксфаген голф“ и „фиат“ со тетовски регистарски ознаки.

Во несреќата, со повреди се здобиле вкупно пет лица кои веднаш се пренесени во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош, информираат од СВР Тетово.

На местото на несреќата увид изврши екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде