Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето денес на повеќе места ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.
И во Скопската Котлина ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.
Поголема нестабилност со услови за појава на град,пороен дожд и силни електрични празнења во Куманово и западно од Куманово, јави УХМР.
Услови за невреме во Штип и северно од Штип со појава на пороен дожд ,град ,елелектрични празнења, најави УХМР.