Дојде невремето во Македонија: УХМР најави силно невреме во овие два региони

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето денес на повеќе места ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.

И во Скопската Котлина ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.

Поголема нестабилност со услови за појава на град,пороен дожд и силни електрични празнења во Куманово и западно од Куманово, јави УХМР.

Услови за невреме во Штип и северно од Штип со појава на пороен дожд ,град ,елелектрични празнења, најави УХМР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде