На 04.07.2023 во 17.20 часот било пријавено дека на локален пат во с.Табановце, мопед „педа“ со кумановски регистарски ознаки,
управувано од малолетничка од истото село, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.