„Беше полн со желба за живот и борба“ – Тажна вест утрово ја потресе Македонија: Почина Стојан Николов Георгиев почесен претседател на ОМО „Илинден“-ПИРИН

На 5 јули вечерта си замина големиот наш пријател, соборец, Македонец и страдалник Стојан Георгиев, објавија од ОМО „Илинден“-ПИРИН.

Роден во 1938 година во Петрич, Пиринска Македонија, а на 18 години, со незавршено средно образование создава македонска група.

-Откриен и инквизиран 18 дена во келиите на државна безбедност, сепак е ослободен за да го заврши своето образование. Во 1957 година формира втора група и повторно бил откриен и подложен на 114 дена истраги и мачења.

Во 1958 година ја добива својата прва пресуда – 4 години затвор, кои ќе ги помине во Стара Загора. Во 1973 година повторно ќе се најде во затвор – 4 години.

Во 1990 година беше еден од основачите на ОМО „Илинден“ и единствен претседател пред расцепувањето на организацијата. Автор е на две книги кои раскажуваат за неговиот живот, борба и страдања.

Во 1998 година се вклучи во ОМО „Илинден“-ПИРИН и наскоро беше избран за почесен претседател каков што остана да последниот ден. Во 2006-2007 беше член на Централниот совет на партијата, а во 2007-2010 година и нејзин копретседател. Активно учествуваше во борбата на Македонците во Бугарија за нивни права до својот последен ден.

Неговата последна дејност беше средба со докторанти и студенти од Швајцарија на 25 јуни годинава, на која тој им зборуваше за својот живот и страдања. Го очекуваше интервју на голема телевизија, учество на научна конференција во Крушево каде да раскаже за својот живот.

Беше пол со желба за живот и борба! И покрај големите страдања никогаш не се претвори во гневен, одмаздољубив човек, до крај го зачува својот ведар, позитивен дух.

Бог да те прости, царство ти небесно и да ти е вечен споменот! Ние нема да те заборавиме, ниту ќе ја прекинеме нашата општа борба! – велат од ОМО „Илинден“-ПИРИН.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде