Вознемирувачко видео: Огромна карпа за една секунда згмечи автомобил

Во страшна несреќа во индиски Нагаланд, две лица загинаа, а тројца се повредени откако огромна карпа паднала врз два автомобили и ги здробила! 

Несреќата се случила во вторникот околу 17 часот по локално време.

На видео кое кружи на социјалните мрежи, може да се види смртоносниот одрон, како карпата наеднаш паѓа над автомобили на патот додека врне дожд.

-Одеднаш се појавува голема карпа која се тркала и прегазува два автомобили. Во нереќата се автомобилите останале згмечени на лице место.

Едното лице починало на лице место, а другото во болница им подлегнало на повредите.

„Местото каде што се случи несреќата се вика Пакала Пахар и е познато по одрони од камења и земја“, изјави министерот Нејфиу Рио, изразувајќи сочувство до семејствата на жртвите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде