Објавена мапа: УХМР и за денеска најави невреме, еве во кои делови од Македонија

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

УХМР дополнително објави мапа во кој дел од државата е можно појава на невреме. Мапата погледнете ја на крајот од текстот.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 20, а максималната од 23 до 34 степени Целсиусови. УВ-индексот ќе изнесува осум.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а попладне се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во деновите од викендот ќе дува засилен, долж Повардарието и во источните делови повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h) што ќе услови намалување на дневната температура.

Од понеделник дневните температури ќе бидат во позначителен пораст.

Денес од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во источните и северните делови, најавија од УХМР.

May be an image of map and text that says "Prizren Tetovo TeToBo KюcTeHAил Εαρι AynH Skopje Ckonje Blagoe 6лaroe Shtip wTиn Prilep npилen Strumica cTpymиua Bitola 6иToлa Pogradec Edessa Giannitsa Εδεσσα Γιανωιταά"

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде