Напаѓачот кој пукал кон таткото на Самоил Костадиновски внук на Љубе Бошкоски кој исчезна пред четири месеци,
го сторил тоа во движење на мотоцикл додека Љупчо се враќал од градинка каде што ја оставил внуката, пренесува „А1он“.
Неофицијално, напаѓачот точно знаел кога се движи Љупчо Костадиновски од градинка кон дома и додека бил во движење пукал, но најверојатно паднал од мотоциклот, пиштолот му паднал на улица, а тој избегал.
Од МВР утрово објавија кратка информација:
Денеска во 08.38 во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Аеродром едно лице пукало и го повредило Љ.К(57) пред неговиот дом.
Повредениот бил пренесен во комплекс клиники ,,Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Полициски службеници излегле на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот“
