Повредениот е однесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му се укажува лекарска помош.
Тој има две прострелни рани и е во стабилна состојба, потврди за МТВ директорот на КАРИЛ, Александар Трајановски.
Во 8 и 30 часот утринава, во скопски Аеродром е пукано во Љупчо Костадиновски, татко на исчезнатиот 26-годишник Самоил, по кого полицијата трага веќе четири месеци.
Инцидентот се случил пред неговиот дом во Ново Лисиче каде во него пукало непознато лице, потврдија од МВР.
Повредениот е однесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му се укажува лекарска помош. Тој има две прострелни рани и е во стабилна состојба, потврди за МТВ директорот на КАРИЛ, Александар Трајановски.
Полицијата е излезена на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Самоил Костадиновски, внук на политичарот и лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, беше пријавен за исчезнат на 3-ти март. Две лица се осомничени за кривичното дело грабнување.
Извор: МТВ
