Утрово се случила сообраќајна незгода во Охрид. Возач со автомобил прегазил пешак, а потоа удрил во три паркирани возила.
– На 07.07.2023 година во 04.20 часот, на улицата „7 ноември“ во Охрид патничко возило „форд фокус“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.К.(21) од Охрид удрило во пешак И.К.(41) од Охрид,
паркирани патнички возила „фиат пунто“ и „волво“ со охридски регистарски ознаки и „мазда 5“ со српски национални ознаки, соопшти МВР.
Како што информира МВР, во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, а возачот А.К. со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
По наредба на јавен обвинител, увид извршиле полициски екипи.
