Вонредна вест: Утрово пукано кон таткото на исчезнатиот Самоил

Утрово околу 8 и 30 часот во скопската населба Лисиче е пукано кон таткото на Самоил Костадиновски, кој е исчезнат веќе четврти месец, јавува „Локално“.

Според информациите  од полицијата, тој е повреден и веднаш е пренесен во болница.

Полицијата е на терен.

Како што дознава Инфомакс, инцидентот се случил во Лисиче, неофицијално пред неговиот дом.

Кон него е пукано од возило во движење, мотор по што пукачот се упатил во непознат правец, а како што дознаваме во моментов полицијата е во активна потрага по него.

Костадиновски (26), кој е внук од сестра на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, исчезна на 4 март.

Тој последен пат бил виден во близина на Чешката амбасада на Водно, како влегува во автомобил, во кој имало уште неколку лица.

Веста за исчезнувањето на Самоил, кој е внук на поранешниот министер за внатрешни работи и актуелен лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, односно тој е внук од брат на неговата сопруга Виолета, дополнително предизвика голема вознемиреност кај јавноста, откако се појавија шпекулации дека бил киндпиран или ликвидиран.

За случајот притвор добија двете лица кои се осомничени дека имале улога во грабнувањето на Самоил Костадиновски.

Истрагата за грабнувањето на Костадиновски ја води МВР во координација со скопското Обвинителство.

Во јавноста накусо подоцна се обрати и Љупчо Костадиновски неговиот татко кој тврди дека освен овие две лица, кои се уапсени за исчезнувањето на неговиот син, вмешана била поголема криминална група.

Како што раскажува, според негови сознанија, станувало збор за голема машинерија, за организирана група од околу 50 лица, кои продавале разна дрога по дискотеки во земјава.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде