Невреме какво што не се памети: Девет лица се водат како исчезнати во лизгање на земјиштето и поплави предизвикани од обилните дождови во провинцијата Хубеи

In this aerial photo released by China's Xinhua News Agency, a landslide site is seen in Miansi Township of Wenchuan County in southwestern China's Sichuan Province, Tuesday, June 27, 2023. Several people were found dead and others remained missing after landslides hit a county in China's southwestern Sichuan province on Tuesday, leading to authorities evacuating more than 900 people. (Xinhua via AP)

Невреме какво што не се памети: Девет лица се водат како исчезнати во лизгање на земјиштето и поплави предизвикани од обилните дождови во провинцијата Хубеи

Девет лица се водат како исчезнати во лизгање на земјиштето и поплави предизвикани од обилните дождови во провинцијата Хубеи, соопштија денеска кинеските власти.

Пет лица се спасени од урнатините на градилиште во близина на автопатот во Хубеи. Агенцијата АП јавува дека илјадници луѓе се преместени во засолништа поради поплавите во северна, централна и југоисточна Кина.

Поплавите предизвикани од сезонските дождови се редовна појава во Кина, но оваа година порастот на нивото на водата беше проследен со невообичаено долг бран високи температури.

На почетокот на неделата во Пекинг се регистрирани температури над 35 Целзиусови степени деветти последователен ден, што е прв пат од 1961 година.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде