Што се случува со возачите? Прегазена уште една жена

Вчеравечер во 22.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ќемал Сејфула“ (Чаир) во Скопје,

патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.И.(58) од с.Арачиново, скопско, удрило во пешакот К.К.(37) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.К., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде