Страотна сообраќајна несреќа, две лица итно пренесени во болница

На 12.07.2023 во 18.30 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на крстосницата од улиците „8 Септември“ и „Илинденска“ во Радовиш

се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел мерива“ со радовишки регистарски ознаки,

управувано од Р.А.(38) од Радовиш и мотоцикл со радовишки регистарски ознаки, управуван од Ј.Ч.(49) од Радовиш.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, а со телесни повреди се здобила сопатничката на мотоциклот Д.Ч., констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото на несреќата извршиле Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и екипи на СВР Струмица и ОВР Радовиш.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде