Зоки Фаци скршен од болка: Во мене постои болка…извини за се…

Познатиот естраден новинар и ТВ водител Зоран Василевски – Фаци на неговиот профил на Инстаграм сподели тажна вест…

Тој на  своите следбеници и воопшто на јавноста и сподели дека неговата мајка Пандора починала…

Тој посвети неколку „стори“ објави по повод ненадоместливата загуба, на кои напиша потресни зборови кои ги растажија сите, особено оние кои одблизу го познаваат.

„Утрово се збогував со мајка ми. Замина во вечноста, таму кај татко ми. Летај Пандора, небото е твое“ – стои во неговата прва објава за тажната вест.

„Јас мајка ми ќе ја испратам утре, онака гордо, со крената глава, достоинствено како што и доликува на дама. Таа ме сакаше дотеран, па така и ќе биде. А, ќе плачам другпат“ – објавил понатму Василевски.

„Во мене постои болка…Извини за се’“!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде