Товарно возило удри во тротинет, едно лице итно пренесено во болница

Косовец со товарно возило удри во тротинет, едно лице заврши во болница.

На 23.7.2023, во 12.40 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Џон Кенеди во Скопје, товарно возило „форд“,

со скопски регистарски ознаки, управувано од Д. К. (30) од Косово, со живеалиште во Скопје, удрило во тротинет, управуван од Џ. А. (34) од Скопје.

Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот на тротинетот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде