Утрово страотна сообраќајка: Се судрија камион и автомобил, едно лице загина

Во тешка сообраќајна несреќа што утрово се случила меѓу патничко возило и камион близу Битола,

кај местото викано „Кукречанска раскрсница“, има жртва.

Сообраќајот на регионалниот патен правец Прилеп – Ресен е во прекин, потврдија од СВР-Битола.

Се очекува во текот на денот детална информација за причините за тешката сообраќајна несреќа.

Да потсетиме, утрово возило се преврте на автопатот А1 на дваесетина километри пред граничниот премин „Богородица“.

Засега нема информации за евентуални жртви или повредени, а очекуваме детали од МВР.

Сообраќајот се одвива само во една лента, а полициски службеници го регулираат.

Екипа на Брза помош е на самото место на настанот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде