ЦУК: Невреме се ближи кон Македонија, еве кој регион ќе биде погоден

Нестабилна облачна маса од територијата на Косово се префрла кон Македонија и се очекува во наредниот час да го зафати подрачјето на Скопската Котлина,

особено нејзиниот источен дел, како и Кумановскиот регион, предупредува ЦУК.

Оттаму велат дека истата е проследена со електрични празнења, пороен дожд, силен ветер и можна појава на град.

Од утре се очекува промена на времето. Како што најавува УХМР, во поголем дел од земјата ќе биде многу топло, но ќе дува засилен југозападен ветер, на повеќе места и над 60 километри на час.

Потоа, кон крајот на денот, поради спуштање постудена воздушна маса од север, ќе почне да дува засилен, повремено силен северен ветер. Ќе има и услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град.

Според УХМР, силен северен ветер ќе продолжи да дува и в четврток кога се очекува значително да се намали дневната температура за десетина степени. Ќе има услови и за слаб локален дожд.

Потоа времето ќе биде претежно стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде