Силен земјотрес ја стресе Турција

Адана во Турција утрово ја погоди силен земјотрес.

Земјотресот бил со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала.

Засега нема информации за повредени. Не се знае ниту каква материјална штета е причинета.

Земјотресот се случил на длабочина од 2,4 километри.

Да потсетиме, Турција на 6 февруари годинава беше погодена од два силни земјотреси. Првиот беше со магнитуда 7,8, а вториот 6,7.

Природна катастрофа се случи на југот на оваа земја долж границата со Сирија, оставајќи зад себе урнатини, мртви и ранети од двете страни на границата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде