ХОРОР: Со нож го избол и расекол во стомакот, притвор за осомничениот

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 3 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 24 јули пред куќа на улицата „Сотир Брбевски“ во Битола, без особен повод или причина, со нож прободел и расекол едно лице во абдоменот,

нанесувајќи му повреди на мускулатурата на предниот абдоминален ѕид и на тенкото црево, со што го довел во опасност животот на оштетениот.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола доставил и предлог за определување мерка притвор на осомниченото лице, сметајќи дека постојат законски основи за притворска мерка.

Судот го прифатил предлогот и донел решение со кое на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде