Полицијата апси: Уапсени седум лица, пронајдени оружје и дрога

На 18.08.2023 во 14.30 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода П.К.(39) од Битола.

При претрес во неговиот дом во с.Олевени, битолско, биле пронајдени и одземени една ловечка пушка „ЦЗ“, една воздушна пушка, 65 ловечки патрони, куршуми различен калибар, рамка за пиштол и други предмети.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава.

На 19.08.2023 во 01.30 часот на подрачје на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.08.2023 во 05.20 часот на подрачје на Карпош, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода Б.К.(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде