Според радарската слика Преспанскиот регион е зафатен од нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и можна појава на суградица, извести УХМР.
Како што објавија дел од медиумите невреме вечерва имало и во Охрид.
Невремето било проследено со грмотевици, дожд и засилен ветер.
Порталот 4news.mk на својата фејсбук страница објави видео од спасувачка акција во Охридското езеро.
Засега не се познати повеќе детали.