Најнова вест: Премиерот Ковачевски најави оставка

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва во интервју за ТВ Сител најави оставка од функцијата.

„Кога ќе ги изгласаме уставните измени јас ќе поднесам оставка и ќе одиме на избори“, најави премиерот Димитар Ковачевски.

Тој додава дека втората опција е доколку ВМРО-ДПМНЕ сака да станат дел од Владата, може да ги добијат половина од местата на СДСМ во Влада.

„Ќе бидат дел од Владата, ќе го завршиме процесот, ќе го завршиме скринингот. Ќе отвориме едно поглавје или две и ќе затвотриме едно поглавје и ќе одиме на избори.

Влада во која доминанто министри ќе има ВМРО-ДПМНЕ“, додаде Ковачевски.

Премиерот и лидер на СДСМ рече дека собраниската седница покажала дека СДСМ и коалицијата,

европската коалиција се за продолжување на европската интеграција на Македонија и дека опозицијата сака да ја блокира европската иднина на земјата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде