ТРАГЕДИЈА: Се преврте автобус полн со навивачи, седум лица загинаа

Седум навивачи на Коринтијанс трагично загинаа кога автобусот во кој патуваа на гостувањето доживеа сообраќајна несреќа.

Коринтијанс беше домаќин на Крузеира во Бело Хоризонте, а таму ја имаа поддршката од своите верни навивачи.

Но, за жал, по враќањето дома, автобусот се превртел, а животот го загубиле седум лица.

Уште 36 патници се тешко повредени, а во автобусот имало вкупно 46 навивачи.

Некои сведоци рекоа дека автобусот не можел да закочи и се превртел во обид да избегне судар со друг автобус.

Коринтијанс жали за несреќата и изрази солидарност со семејствата на жртвите. Сочувство изразија и неколку други бразилски фудбалски клубови.

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, кој е фан на Коринтијанс, изрази сочувство до семејството и пријателите на жртвите.

„Се надевам на опоравување на повредените и истрага за причините за несреќата. Потребен ни е мир и возила во добри услови на патот, бидејќи нема начин да ги вратиме изгубените животи“, рече Лула во објавата на социјалните мрежи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде