Додека македонските пензионери се борат да добијат линеарно покачување од 3.500 денари со кое и натаму најголем дел од нив едвај ќе преживуваат,
нивните српски колеги ќе добијат зголемени пензии за повеќе од 55% и посебни пензионерски картички со попусти во продавници.
Српскиот претседател Александар Вучиќ од го најави во обраќање до јавноста.
Тој најави дека во октомври и јануари веројатно ќе има „најголемото зголемување на пензиите во историјата на Србија, повеќе од 55 отсто“, имајќи ги предвид претходните зголемувања.
– Само би ги замолил пензионерите да земат пензионерски картички, има многу попусти, многу ќе им значи со сите поскапувања.
Правиме многу за да им обезбедиме попусти во разни продавници – рече Вучиќ.
Тој изрази и очекување дека во 2023 година просечната плата во Србија ќе биде повисока од 820 евра.