Најнова вест: Силно невреме попладнево во овој македонски град

Најнова вест: Силно невреме попладнево во овој македонски град

Краткотрајно невреме од дожд попладнево по 16 часот го зафати реонот на Градско и околните населени места како и реонот на локалитетот Стоби.

Како што информираат од Центарот за управување со кризи -Велес, во невремето е паднато едно дрво на регионалниот пат Велес-Градско кај село Виничани.

„Патот е во реконструкција поради што немало попречување на сообраќајот,

но сепак  екипи на Македонија пат брзо реагирале и за кратко време го отстраниле паднатото дрво од патот“, информираа од ЦУК Велес.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде