„Наместо покана за роденден… Ве каниме… да го испратиме во вечното почивалиште“ – почина Лука (5) детето за кое цела Србија се обедини

Малиот Лука Миладиновиќ (5) за кој се бореше цела Србија почина во средата, соопшти неговото семејство.

Во последната објава неговата мајка се прости од храброто мало момче кое цел живот се бореше.

Наместо покана за роденден… Ве каниме… да го испратиме во вечното почивалиште. Нашиот херој, борец, ангел, отиде на подобро место… Нашето насмеано бебе, почивај во мир – напиша мајката.

Да потсетиме, Лука Миладиновиќ е роден од близначка бременост која предвреме била прекината со царски рез во 31-та недела.

Лука имал пет дијагнози, додека неговиот брат близнак е роден како здраво бебе.

За него беа собрани пари за операции со матични клетки во Турција, кои требаше да му помогнат да застане на нозе.

Погребот ќе се изврши во сабота на 26 август во 11:15 часот на гробиштата Нова Бежанија во Белград.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде