Попладнево во гаражата на трговскиот центар “Ист Гејт “ е пукано во Раде Трајковски Штекли .
Нападот се случил во најдолниот дел од гаражата на трговскиот, а според првичните информации Трајковски Штекли не е повреден, јавува Телма.
Како што пишува Телевизијата, тој бил во блиндирано возило, а во моментот во Ист гејт мол полицијата врши увид.
Од МВР потврдија дека вооружен инцидент се случил во трговскиот центар и се истражува без да посочи други детали.
Раде Трајковски-Штекли, неофицијално се поврзуваше со убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев.
Тој беше екстрадиран по апсење во Србија.